Top Sport

Киеза тренира, не е познато кога ќе конкурира за место во тимот

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза започна со тренинзи, соопштија од торинскиот клуб. Киеза се повреди на почетокот на јануари на мечот со Рома. Крилниот напаѓач ги скина лигаментите на левото колено.

Италијанските медиуми пренесуваат дека се уште не е познат датумот на неговото враќање на терените, но тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е среќен што 24. годишниот играч наскоро ќе биде на располагање.

Во среда, на 5. октомври, Јувентус гостува кај Макаби во третото коло од Лигата на шампионите.

Scroll to Top