Top Sport

Пресврт на „Сан Сиро“, Милан ја победи Парма (Видео)

Фудбалерите на Милан победија против Парма 2:1 во 14.коло, во Серија А. По не комплетната 14.рунда Миланс е искачи на четвртото место на табелата.

Избраниците на Џенаро Гатузо, со пресврт и со помош на ВАР-технологијата забележаа важна победа.

Играчите на Пама први постигнаа гол на „Сан Сиро“, преку Инглесе во 50.минута. Само три минути подоцна израмни Кутроне. Во 71.минута Кеси од пенал го постави конечниот резултат.

Пеналот беше досуден со помош на ВАР-технологијата. На повторената снимка забележливо беше дека Батоне играше со рака во својот шеснаесетник.

Scroll to Top