Top Sport

„Кикер“: Баерн и ПСЖ ќе се тркаат за потписот на Калајџиќ

Според германски „Кикер“, една од најголемите ѕвезди на претстојниот преоден рок би требало да биде австрискиот репрезентативец, Саша Калајџиќ. Многу клубови се заинтересирани за напаѓачот на Штутгарт, меѓу кои и Баерн и ПСЖ.

Штутгарт опстана во Бундеслигата со драматичната победа во последното коло над Келн. На тој натпревар Саша Калајџиќ го постигна својот 24 гол за клубот, а по прославата со навивачите Србинот од Виена може да избере во кој клуб ќе се приклучи.

„Кикер“, пишува дека во Баерн сметале дека Калајџиќ може да биде замена за Роберт Левандовски, кој според најавите ќе го напушти Минхен. Според овој извор интерес за Калајџиќ покажале и ПСЖ, Њукасл Јунајтед, Бенфика и Борусија Дортмунд.

„Баерн се уште не не повикал. Доколку тоа се случи, ќе одлучиме дали ќе ја прифатиме понудата или не. Саша има уште една година од договорот, ние сме во преговори за продолжување на договорот“, изјави спортскиот директор на Штутгарт, Свен Мислинтат.

Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола. Калајџиќ има 13 настапи за австриската репрезентација за која постигна четири гола. Тој дојде во Штутгарт во 2019 година од Адмира Вакер.

Scroll to Top