Top Sport

Кикер: Прв приоритет на Тухел во Баерн Минхен е Касемиро

Германскиот магазин „Кикер“ тврди дека Касемиро ќе биде шокантната прва цел на Томас Тухел во летниот преоден рок како тренер на Баерн Минхен и дека тој има план да купува играчи од повеќе премиерлигаши.

Јунајтед платија 70 милиони фунти за Касемиро на Реал Мадрид минатото лето и тој веднаш стана клучен играч во тимот на Ерик Тен Хаг и фановите го сметаат за еден од најважните играчи во тимот. Но, ова не го обесхрабрува Тухел, кој се наоѓа во незавидна ситуација во Баварија, откако го загуби првото место во Бундеслигата минатиот викенд откако испаднаа и од Лигата на шампионите од Манчестер сити.

Со доста тензии во составот, според „Кикер“, тој ќе добие зелено свеетло да направи големи промени во тимот и првиот чекор е да се донесе лидер во соблекувалната, улога во која доаѓа токму Касемиро. Бразилецот би бил партнер на Џошуа Кимих во средината на теренот како помош во одбраната на тимот.

Scroll to Top