Top Sport

Овојпат нема да ги спасува – Хетафе по третпат го отпуштија Кике Санчез Флорес

Хетафе го отпуштија тренерот Кике Санчез Флорес по година и пол на клупата откако клубот од предградијата на Мадрид не оствари ниту една победа во последните пет меча.

Хетафе загубија со 2:1 дома од Алмерија во средата, што беше прва гостинска победа на Алмерија оваа сезона, по што остануваат на 17. место на табелата, со еден поен над зоната за испаѓање, но Валенсија и Еспањол, кои се зад нив имаат меч помалку.

Санчез Флорес стана миленик на навивачите минатата сезона откако по третпат се врати во клубот и успеа да обезбеди опстанок за Хетафе и покрај тоа што ја почнаа сезоната без победа во осум меча. Поранешниот ренер Хозе Бордалас е главен фаворит да биде негова замена.

Scroll to Top