Top Sport

Кико Касиља од Реал се сели во Лидс

Кико Касиља го напушти Реал Мадрид и се пресели во редовите на Лидс јунајтед, каде соиграч ќе му биде македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Голманот по доаѓањето на Тибо Куротоа беше трета опција во Реал, поради што реши да замине. Тој со Лидс јунајтед потпишал договор на четири и пол месеци.

Поранешниот голман на Еспањол и Кадиз ќе се обиде на Лидс по 15 години да се врати во Премиер лигата.
Инаку, Лидс по 27 натпревари во Чемпионшип дивизијата, се наоѓа на првото место со 54 бода, четири повеќе од Шефилд јунајтед и Норич.

Scroll to Top