Top Sport

Кикс на Албанија во Рига, хет-трик на Митровиќ против Андора

Шест натпревари се одиграа вечерва во квалификациите за пласман на Светското првенство, во европската зона. Фаворитие забележаа очекувани победи, киксна само Албанија во Латвија.

Летонија е незгоден противник за Албанија. Вечерва и шестиот меѓусебен дуел заврши без победник. Во Рига резултатот беше 1:1.

Летонците имаа пенал во 21-та минута. Јанис Икауниекс ја презеде одговорноста, но искусниот Стракоша го одбрани пеналот.

Антонијс Черномордис, осум минути подцна си постигна авто-гол. Но истиот играч во четвртата минута од надополнувањето во првиот дел погоди за 1.1.

Второто полувреме мина во доминација на Албанците, но резултатото остана 1.1.

Албанија е во тешка ситуација, има пет бода од четири одиграни натпревари.

Во оваа група вечерва Србија, очекувано ја победи Андора со 3:0. Хет-трик во првото полувреме постигна Александар Митровиќ. Капитенот на Србија го одигра јубилејниот 100. натпревар за националниот тим, досега има постигнато 62 гола.

Во оваа К група води Англија со девет бода од три натпревари, Албанија има пет од четири натпревари, Србија четири од два натпревари, а Латвија од три натпревари собра четири бода, Андора е без бодови.

Резултати:

Романија-Кипар 2:0
Холандија-Малта 8:0
Сан Марино-Австрија 0:4

Scroll to Top