Top Sport

Кикс на Барса пред „Ел Класико“

Реал Сосиедад и Барселона одиграа 2:2 (1:1) во 17 коло во Ла Лига. Прв пат по осум натпревари Сосиедад успеаја да останат непоразени во дуелите со Каталонците. На „Аноета“ заврши низата од седум победи, во сите натпреварувања, во која беа играчите на Барселона.

Сосиедад подобро влегоа во натпреварот, таквиот пристап им донесе предност во 12 минута. Бускетс направи наивен пенал, а реализатор беше Ојерзабал.

Домашните имаа можност да го зголемат водството меѓутоа ударот на Исак го изблокира Ленгле.

Во 38 минута Суарез повлече контра, навремено му асиситраше на Гризман, а Француските репрезентативец рутински погоди против својот поранешен тим.

Целосен пресврт Барселона направи во 49 минута. Меси несебично му асистираше на Суарез.

Конечниот резултат го постави Швеѓанецот Исак кој ја искористи аматерската реакција на Тер Штеген.

Scroll to Top