Борусија Дортмунд полака ја губат трката за шампионската титула во Бундес лигата. „Милионерите“ во 32 коло испуштија предност од два гола против Вердер во Бремен (2:2) и сега имаат четири бода помалку од Баерн Минхен.
Борусија одигра одлично прво полувреме кое го зачинија со два гола преку Кристијан Пулишиќ и Пако Алкасер.
Вториот дел им прпадна на домаќините, најпрвин Кевин Мовланд во 70 минута намали на 1:2, а потоа ветеранот Клаудио Пизаро израмни во 75 минута и го постави конечниот резултат.
Интересно стрелците на головите за Вердер, Мовланд и Пизаро на теренот влегоа во 60 минута.
foto/epa