Фудбалерите на Интер, претрпеа неочекуван поразо, од Сампдорија во Џенова (2:1). Кандрева и Кеита Балде, со головите во првоот полувреме, му пресудија на својот поранешен тим. Во ова коло, нов пораз доживеа Џенова, во чии редови го немаше Горан Пандев, додека Илија Несторовски играше за Удинезе од 33.минута против Болоња. Удинезе во 92.минута се спаси од пораз, натпреварот заврши 2:2.
Интер не успеа да ја победи Сампдорија, иако имаа пенал во 12 минута и целосна доминација на теренот во второто полувреме. Алексис Санчез во 12.минута не успеа да реализира пенал. Казната за промашенуот пенал беше сурова, Кандрева од пенал, во 23.минута донесе водство за Сампдорија, кое го зголеми Кеита Балде 15 минути подоцна. Интер до крајот на мечот само успа да го ублажи поразот, преку Де Фрај во 65.минута.
Џенва не успеа да остане непоразена кај Сасуоло. Бога погоди за Саусоло во 63.минута, израмни Шомуродов 11 минути подоцна, а конечните 2:1 ги постави Распадори во 83.минута.
Рома со двата гола на Борха Мајорал и голот од пенал на Мхитаријан, лесно го мина гостувањето во Кротоне. Римјаните славе со 3:1. Голот за Кротоне го постигна Големиќ.
Болоња и Удинезе одиграа без победник 2:2. Бод за Удинезе спаси Арслан во 92.минута. Гостите второто полувреме го играа со играч повеќе. Сванберг во 36 го доби првиот, а во 47 минута вториот жолт картон. Претходно Томијасу погоди за Болоња, израмни Переира, а Сванберг во 40.минута донесе водство за Болоња.
Лацио ја совлада Фиорентина со 2:1, а Аталанта лесно се справи со Парма (3:0).
Ова коло го обележа спектакуларниот гол на фудбалерот на Верона, Демарко, против Торино. Натпреварот Торино-Верона заврши 1:1.