Top Sport

Кикс на Јувентус во Калабрија

Повратникот во Серија А Кротоне, првиот бод во новата сезона го освои против актуелниот шампион Јувентус. Меѓусебниот дуел одигран вечерва во Калабрија заврши 1:1.

Кротоне одлично го започнаа натпреварот во 12 минута постигнаа гол од пенал. Најстрогата казна ја изнуди, а потоа ја реализираше Нигериецот Сими.

Домашниот тим имаше предност до 21 минута кога Киеза му асистираше на Мората за 1:1.

Киеза кој дебитираше за Јувентус на крајот беше трагичар бидејќи поради невнимателен старт во 60 минута доби црвен картон.

До крајот на натпреварот Мората постигна уште еден гол кој по долгото прегледување беше поништен поради милиметарски офсајд.

Ова е втор нерешен резултат на Јувентус во првите четири кола.

Scroll to Top