Top Sport

Кикс на Леванте – Осасуна ги однесе бодовите од Валенсија

Осасуна забележа значајна победа во Валенсија, над леванте, во 23.коло во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди играше од 63.минута. Осасуна со овие три бода се искачи на 12.место на табелата. Екипата од Памплона сега има 25 поени, само два помалку од Леванте кој се наоѓа на 10.место.

Левенте го контролираше натпреварот, ја имаа топката играчите на овој тим во посед 63 отсто, упатија 12 удари кон голот на Ерера, четири од нив оде во голот, меѓутоа не успеаја да погодат ниту еднаш.

За разлика од Леванте, нивните противници два пати се заканија, а еден удар заврши во голот. Стрелец на решавачкиот гол беше Анте Будимир во 74.минута. Хрватскиот репрезентативец го постигна својот шести гол оваа сезона.

Најдобрата шанса Леванте не ја реализира четири минути по голот на Будимир, кога Хозе Моралес не реализира пенал. Ударот на капитенот на Левенте, го одбрани Ерера.

Scroll to Top