Надежите на Борусија Дортмунд дека ќе може да му парира на Баерн Минхен, во борбата за титулата, згаснаа во Берлин. Во последното коло од есенскиот дел на првенството, „милионерите“ загубија од Херта со 3:2. На есенската пауза Баерн замина со предност од девет бода во однос на Борусија.
Херта до шестата победа од почетокот на сезоната, дојде со пресврт, благодарение на одличната игра во првите 25 минути од второто полувреме.
Борусија имаше водство по првиот дел, Брандт постигна гол во 31.минута.
Во вториот дел најпрвин израмни Белфодил, а потоа Рихтер со головите во 57. и 69.минута ја запечати судбината на гостите.
До крајот Тигерс во 83.минута само го ублажи поразот на Борусија.