Top Sport

Прокоп одбра 16 играчи за ЕП

Германскиот селектор Кристијан Прокоп, го објави конечниот список на играчи со кои ќе се обиде да ја одбрани титулата на Европското првенство во Хрватска кое ќе започен на 12 јануари.

Германија заедно со Македонија, Словенија и Црна Гора се наоѓа во Ц-групата, а натпреварите ќе се играат во Загреб.

Прокоп реши на Европското прввенство ќе оди со само едно лево крило (Генсхајмер од ПСЖ) и дури четворица пикери.
.
Конечниот список на селекторот Прокоп:

Голмани: Силвио Хајневетер (Фуксе Берлин) и Андреас Волф (Кил).

Леви крила: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Леви бекови: Максимилијан Јанке (Лајпциг), Џулиус Кун (Мелсунген) и Пол Друкс (Фуксе Берлин).

Средни бекови: Штефан Фет (Фуксе Берлин) и Филип Вебер (Лајпциг).

Десни бекови: Каи Хефнер (Хановер) и Штефан Вајнхолд (Кил).

Десни крила: Патрик Грецки (Некар Левен) и Тобијас Рајхман (Мелсунген).

Пикери: Јаник Колбахер (Вецлар), Патрик Винчек (Кил), Хендрик Пекелер (Некар Левен) и Бастијан Рошек (Лајпциг).

Македонија против Германија ќе игра во последното коло во групата, на 17 јануари, со почеток во 18.15 часот.

Scroll to Top