Последното коло во Суперлигата на Аргентина донесе неверојатна завршница. Најголемите ривали Ривер Плата и Бока јуниорс се бореа за титулата, која на крајот заврши на „Бомбоњера“. Ривер влезе во последното коло со предност од еден поен, но на крајот играчите на овој клуб останаа без трофејот.
Ривера Плата одигра 1:1 кај Атлетико Тукуман. Домаќините водеа од 19 минута со голот на Толедо. Суарез израмни во 35 минута, но до крајот на мечот играчите на Ривер не успеаја да постигнат гол.
Бока јуниорс запиша минимална победа над Химназија Ла Плата. Голот кој ја врати титулата на „Бомбоњера“ го постигна Карлос Тевез во 73 минута.
Бока јуниорс ја освоија 34 титула во клупската историја и на вечната листа сега имаат два трофеи помалку од вечните ривали Ривер Плата.