Top Sport

Килијан Мбапе ќе го наследи Килијан Мбапе!?

Пари Сен Жермен покажале интерес за 11-годишно момче од локалниот клуб Ројси-ен-Бри чие име е многу познато во светот на фудбалот. Станува збор за Килијан Мбапе Ндумбе Јаби кој наскоро би можел да стане член на академијата на овој клуб.

„Ле Паризиен“, во својот текст пишува дека момчето е родено во август 2007 година и дека оди во истото училиште во кое одел и пол Погба.

Детали од животот на Килијан Мбапе дознале од разговорот со неговиот татко Ерик.

„Луѓето често ме прашуваат дали името му го дадовме по сјајниот фудбале, но забораваат дека разликата помеѓу нив двајца е само осум години. Очигледно е дека тогаш Килијан Мбапе не беше толку познат“.

Килијан Мбапе Ндумбе Јаби е голем навивач на Пари Сен Жермен и ќе биде интересно како ќе се развива неговата кариера.

„Многу сакам мојот син еден ден да стане одличен фудбалер и да игра за ПСЖ, но исто така ми свесен сум колку е тешко да се постигне тоа“, рекол таткото на 11-годишниот фудбалер.

Scroll to Top