Top Sport

Ќе има нов меч помеѓу Фјури и Вајлдер

Извесно е дека боксот наскоро ќе понуди нов спектакл. Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер ќе ги вкрстат ракавиците, а деталите околу борбата ќе бидат соопштени на 18 февруари.

Претходно овие двајца се сретнаа во Лас Вегас. Тој меч заврши со победа на Вајлдер, а по борбата Фјури тврдеше дека немал среќа. Вајлдер победи со одлука на тројцата судии.

Според шпекулациите Фјури и Вајлдер ќе се борат во Њујорк.

„В понеделник ќе ги соопштиме сите детали. Тогаш ќе бидеме во позиција да објавиме се за идните планови на Тајсон“, рекол претставникот на британскиот боксер Френк Ворен.

Од двата табора биле барани најдобрите решенија за мечот да биде закажан. Неофицијално „копјата се кршеле“околу местото каде ќе се одржи борбата и поделбата на парите.

Прва опција бил Лас Вегас, но Фјури инсистирал да бидат избрани неутрални судии, што е спротивно на правилата на државната спортска комисија во Невада.

Поради тоа во опција се појавил Њујорк и најверојатно двете страни ќе се согласат со тој предлог.

Scroll to Top