Стрелецот на единствениот гол за Баерн Минхен во 1:2 поразот од Реал Мадрид во првиот меч од полуфиналето на ЛШ, Џошуа Кимих е лут што неговиот клуб не успеал да ги искористи многубројните шанси во текот на мечот.
Тој дури посочи дека играле толку добро што имале повеќе шанси отколку на дуелот од Бундеслигата против Хановер во текот на викендот.
„Ние не ги искористивме нашите шанси, додека Реал Мадрид шутна двапати на голот и постигна два гола. Дефинитивно имавме повеќе шанси од мечот со Хановер“, изјави Кимих.
И Томас Милер не е задоволен.
„Ако го погледнете целиот натпревар, бевме премногу наивни, го примивме вториот гол поради една глупава грешка. Првиот беше чуден, но вториот беше бизарен. На крајот, ние не ги искористивме нашите шанси и треба да жалиме за тоа“, вели Милер.
Реал направи „брејк“ во Баварија, на чекор до ново финале (видео)