Еден навивач на Баерн Минхен се посрамоти и мораше да му го врати дресот на младиот навивач откако претходно му го грабна по убавиот гест на Џошуа Кимих по мечот со Шалке.
По 3:1 победата, 24-годишниот Кимих забележа еден млад навивач на трибините кој стоеше со натпис со неговото име, и фудбалерот реши да му го подари својот дрес. Меѓутоа, еден возрасен човек реши дека дресот е за него и го грабна, пред фановите во истиот ред и Кимих на теренот да го убедат да му го даде дресот на вистинскиот човек.
Random dude taking a shirt meant for a kid and then stopped by others. The guy was ready to snatch it and then acts like he didn’t know.
Glad to see Kimmich hang back to make sure the kid got the shirt. You can see the top of his head below. pic.twitter.com/j59ZjZZUcC
— Divit (@_Leomarvel_) February 11, 2019