Top Sport

Ди Марија за Јунајтед: Таму не ми дадоа да бидам најдобар

Анхел ди Марија ќе се врати на „Олд Трафорд“ утре, но не како фудбалер на „црвените ѓаволи“ и Аргентинецот проговоре за „лошото“ веме кое го помина во Манчестер јунајтед.

Фудбалерот на ПСЖ пристигнува во Англија за дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против тимот во кој дојде во август 2014 за 59.7 милиони фунти, тогаш рекорден британски трансфер. Луис ван Гал, кој го донесе Ди Марија го опиша како „фудбалер од врвна класа“, но само по една сезона тој беше продаден на ПСЖ.

Ди Марија беше мета на застрашувачки грабеж во неговиот дом во февруари 2015, нешто што не помогна да се навикне на животот во Манчестер. 30-годишниот Аргентинец зборуваше отворено за искуството во интервју за радио станицата „Франс блу“.

„Останав таму само една година. Тоа не беше најдобриот период во мојата кариера, и тие не ми дозволија да го покажам најдоброто. Имаше проблеми со тренерот. Но, благодарам на Бога, ми дадоа да дојдам во ПСЖ и да се најдам себеси повторно“, вели Ди Марија.

Тој има 59 гола во 163 настапи за „светците“ од август 2015 година.

Фото: ЕПА

 

Scroll to Top