Top Sport

Кимих останува во Баерн и по 2020?

Агентот на Џошуа Кимих потврди дека дефанзивецот е во преговори со Баерн Минхен за продолжувањето на договорот, и покрај сè поголемите шпекуалции дека Манчестер сити се блиску до неговиот потпис.

22-годишниот Кимих има одлични односи со својот поранешен тренер, Пеп Гвардиола, но агентот на Кимих, Ули Фербер вели дека главната цел е да се остане на „Алијанц арената“ и по 2020 година.

„Уште во текот на летото Карл-Хајнц Румениге дојде да разговараме за продолжувањето на договорот и во текот на есента првпат сериозно преговаравме“, изјави Фербер за „Спорт Билд“.

Шпекулациите за трансфер во Сити се зголемија откако германскиот интернационалец го пофали работното темпо под Гвардиола.

„Беше неверојатно искуство да се работи со Гвардиола. Тој беше посветен на деталите, многу креативен и секогаш бараше многу од своите играчи. Неговото знаење за противниците и тренингот на формациите беше најимпресивно. Моите соиграчи секогаш беа каде што Пеп ќе замислеше“, изјави тогаш Кимих.

Scroll to Top