Top Sport

Апел до „Гробарите“: Не го споменувајте Ратко Младиќ (видео)

Генералниот директор на Партизан, Милош Вазура апелираше до „Гробарите“ и другите навивачи на тимот на дуелот против швајцарскиот Јанг Бојс во Лигата Европа да не го споменуваат осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

„Нема поводи за политика. Еден човек може да направи проблем. На натпреварот со Будуќност бевме казнети поради споменувањето на Ратко Младиќ. Ги повикуваме навивачите да не го прават тоа и да не прават слични активности. Да победиме и да обезбедиме пласман кој потоа може да биде одземен поради некои повици. Тоа не би го издржале. Ве потсетувам дека сме под условна казна“, изјави Вазура за „ТВ Партизан“.

Вазура ги повика навивачите да направат атмосфера како за дуелот со албанскиот клуб Скендербеу, кога се очекуваа инциденти, но наместо тоа сè помина во најдобар ред.

Scroll to Top