Top Sport

Кимих со итар гол ја отвори новата бундеслигашка сезона, Баерн води со 0:2 по 11 минути!

Густиот чад кој го предизвика факлите на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт беше добредојден за Џошуа Кимих, кој на отварањето на новата бундеслигашка сезона, веќе во 5. минута ги донесе актуелните шампиони Баерн Минхен до водство.

Во петтата минута од мечот, Кимих успеа со убав гол од далечина да го измами голманот Кевин Трап за совршен старт на мечот на гостите.

Фуриозниот старт на Баварците продолжи откако во 11. минута, Бенжмин Павар ја искористи грешката на домаќините за втор гол.

Scroll to Top