Top Sport

Рома ја потврди позајмицата на Вајналдум

Рома потврдија дека го добиваат Жоржињо Вајналдум од Пари Сен-Жермен на позајмица, откако Холанѓанецот не успеа да се избори за стартно место во францускиот клуб по слободниот рансфер од Ливерпул.

31-годишниот Вајналдум не го криеше задоволството од трансферот и од шансата да работи под обновениот тим на Рома под водство на Жозе Мурињо.

„Навистина е добро чувство да се биде фудбалер на Рома. Сите со кои зборував имаа само добри зборови за клубот и навивачите. Клубот јасно ми покажа колку ме сака во составот, нешто што секогаш носи самодоверба. Приемот од навивачите, на социјалните мрежи и во живо беше фантастичен. Ветувам 100 отсто за мојот клуб“, вели Вајналдум.

Рома ќе платат 5 милиони евра за позајмицата и ќе покријат 50 отсто од платата на Вајналдум, и ќе имат опција да го купат за 8 милиони евра следното лето.

Scroll to Top