Пенал во судиското продолжение кој сигурно го реализираше капитенот Џошуа Кимих спаси 3:3 реми во пријателскиот меч Германија-Украина во Бремен во последната подготовка на тимот на Серхиј Ребров пред дуелот со Македонија.
Германија губеше со 3:1 на 10 минути пред крајот, пред Каи Хаверц да намали на 2:3, за напаѓачот на Челси да принуди пенал, кој потоа Кимих го реализираше.
Ѕвездата на Челси, Михајло Мудрик направи грешка за Никлас Филкруг да донесе рано водство за тимот на Ханси Флик, но Украина потоа направи импресивен камбек. Виктор Циганков во 19. минута израмни на 1:1, пред Мудрик се „поправи“ откако неговиот удар се одби од Антонио Ридигер за 2:1 во 23. минута. Циганков погоди уште еднаш во 56. минута за 3:1 водство, пред камбекот на Германцит.