Top Sport

Поминаа 35 години од најлегендарниот натпревар на Југославија (видео)

Пред точно 35 години на сплитскиот стадион „Пољуд“ се одигра најлегендарниот натпревар на фудбалската репрезентација на поранешна Југославија – драматичната победа над Бугарија со која е пласираа на ЕП во Франција во 1984 и која остана запаметена по легендарниот коментар на Младен Делиќ!

Во последното коло Југославија играше со Бугарија и двете репрезентации одеа на првенство само со победа, додека со реми одеа Велс. Гостите поведоа преку Искренов, пред Сафет Сушиќ со два гола да направи пресврт за 2:1. Но, драмата само што почнуваше – Димитров израмнува на 2:2.

Во последните минути сите „сини“ се во напад, а Бугарите пропуштаат стоотстотна шанса за гол, пред Златко Вујовиќ да го „најде“ Радановиќ за неверојатен пресврт. Ова беше прв гол на Радановиќ за репрезентацијата.

Настапот на ЕП не беше блескав – три натпревари и три порази: Белгија 2:0, Франција 3:2 и Данска 5:0.

Scroll to Top