Top Sport

Кин го нарекол Вокер „идиот“, Сити бара да биде казнет

Челниците на Манчестер сити побарале Скај спорт да го казни аналитичарот Рој Кин. Коментирајќи го дербито помеѓу Сити и Ливерпул, Кин, го нарекол играчот на Манчестер сити „идиот“.

Ливерпул, во првото полувреме добија пенал, по стартот на Вокер врз Садио Мане.

„Како Мане успеа да избори пенал? Па, покрај има идиот“.

Поради овој коментар Манчестер сити побарале од Скај Спорт да го казнат Рој Кин.

На овој коментар реагирал и англискиот селектор Герет Саутгејт.

„Сметам дека анализите се во ред, но нема потреба од лични критики. Мораме да бидеме внимателни со тоа“, рекол Саутгејт дополнувајќи дека е задоволен од начинот како Вокер игра за репрезентацијата.

Scroll to Top