Top Sport

Кин: Го тепав Шмајхел во 4 часот наутро во хотел, но тоа не пречеше да играме заедно

Рој Кин не верува дека проблемите меѓу соиграчите во англиската репрезентација Рахим Стерлинг и Џо Гомез ќе ескалираат и додава дека работите ќе се „средат“ потсетувајќи се на времето кога му остави модро око на соиграчот од Манчестер јунајтед, Петер Шмајхел.

Кин смета дека англискиот селектор Герет Саутгејт згрешил што го оставил Стерлинг надвор од тимот за дуелот со Црна Гора, објаснувајќи дека „страста меѓу соиграчите е одлична работа“.

„Од мое искуство, секогаш кога има тепачка меѓу фудбалерите се прави поголема работа отколку што навистина е. Многу сме брзи кога ги обвинуваме дека не им е грижа. Не сакам да фалам никого, но не треба ниту да правиме преголема работа. Го тепав Петер Шмајхел во хотел, но тогаш беше 4 часот наутро и немаше многу луѓе. Фергусон не смири и ни кажа дека сме срамота. Да бидам фер кон Петер, тој се извини и заборавивме на тоа. Никогаш не влијаеше на нас како соиграчи, бидејќи имавме иста цел. Не знам зошто тие треба да се извинуваат некому. Кога момците ќе се истепаат, работите се подобри. Ако има тензија тоа значи дека им е важно“, вели Кин.

Кин и Шмајхел се степаа за време на азиската турнеја во Хонгконг во 1998 година, кога Данецот остана со модро око по ударот со глава од ирскиот капитен.

Scroll to Top