Top Sport

Кин го „уништи“ татко му, Солскјер го сака на „Олд Трафорд“? (видео)

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер повторно го пофали тинејџерот на РБ Салцбург, сонародникот Ерлинг Халанд откако тој постигна хет-трик против Генк во Лигата на шампионите во вторникот, но не најави дека ќе се обиде да го донесе во англискиот клуб.

Халанд има 14 постигнати голови во само 10 натпревари, а Солскјер работеше со синот на поранешниот фудбалер на Лидс и Манчестер јунајтед, Алф-Инге Халанд, додека беше тренер на Молде.

„Беше убаво да се гледа натпреварот, но се фокусирам на нашиот меч против Астана. Сите во Норвешка се возбудени од неговиот развој во последно време“, вели Солскјер.

Семејството Халанд пак, нема најдобро искуство со Манчестер јунајтед, откако постариот Халанд имаше (не)славно ривалство со капитенот на Јунајтед, Рој Кин, кој призна дека намерно го повреди во дербито во 2001 помеѓу Јунајтед и Сити, што придонесе за крајот на неговата кариера.

„Тој најверојатно не е најголемиот навивач на Манчестер јунајтед, но ако дојдат да тропнат на врата, тешко дека ќе кажат не“, изјави Солскјер кога беше тренер на Молде во 2017 година.

Уште еден проблем може да биде тоа што Халанд работи со агентот Мино Рајола, со кого Јунајтед имаат доволно искуство со трансферите на Пол Погба, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.

Дали Ерлинг Халанд е најдобриот млад напаѓач во Европа? (видео)

Scroll to Top