Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин не изддржа и како гости на „Скај спортс“ влезе во брутален напад на ривалите од Ливерпул, велејќи дека премногу се „занеле“ по минатогодишната титула и предвидувајќи дека со барање изговори за поразите ќе чекаат уште 30 години за следната круна.
„За мене, тие се лоши шампиони. Не мислам само за вечерва. Не можам да го сфатам тој менталитет. Мислам дека веруваа во тоа што го слушаа последните две-три години, мислам пофалбите. По освојувањето на титулата се занесоа и поверуваа во тоа. За мене, кога ќе ја освоиш титулата, следната цел е да го повториш тоа. Не го гледам тоа кај овој тим, дури и од нивниот менаџер. Беше онака – ајде да поуживаме. Чекаа 30 години, но никој од нив не кажа, ајде сега да го повториме тоа. Сега зборуваат за топ 4, а лани беа шампиони. Тоа се лоши шампиони“, објаснува Кин.
Запрашан дали големиот број на повреди на клучните фудбалери биле проблем, Кин врати уште побрутално.
„Луѓето ми велат дека Ливерпул е голем клуб. Ливерпул е огромен клуб, и кога си таков мора да се справиш со проблемите. Дали тоа е дел од фудбалот? Дали на другите клубови сите фудбалери им беа фит цело време? Јирген Клоп бара изговор по изговор. Велеше дека Сити паузирале поради вирусот. И оди понатаму. Вие сте Ливерпул ФЦ, ако продолжите со вакви перформанси, ќе чекате уште 30 години до следната титула, верувајте ми“, завршува Ирецот.
? “If you keep performing like that it will be another 30 years before you win the league title.”
Roy Keane on Liverpool’s performances this season & the list of excuses made for their poor run pic.twitter.com/PPFIgeaJeH
— Football Daily (@footballdaily) February 7, 2021