Top Sport

Кин: Роналдо е проблем за Јунајтед, дава голови секоја недела

Рој Кин повторно покажа дека е еден, ако не од најдобрите, тогаш од најинтересните фудбалери кои станале ТВ-коментатори, оценувајќи дека неговиот поранешен соиграч, Кристијано Роналдо претставува проблем за Манчестер јунајтед, бидејќи 37-годишниот Португалец само дава голови.

Јунајтед вчера извлекоа 1:1 реми со Челси на домашен терен, секако, со гол на Роналдо, негов 17. во Премиерлигата оваа сезона, со што е на второто место на листата на стрелци зад Мохамед Салах. Во 36 натпревари низ различни натпреварувања, Роналдо има вкупно 23 гола

„Тој е толку голем проблем за Јунајтед. Постигнувајќи голови секоја недела. Тоа не е добро“, вели Кин по мечот, предизвикувајќи смеа кај колегата Џејми Реднап.

Scroll to Top