Top Sport

За Тери Абрамович е најдобриот газда, ќе собира пари за негов банер на „Стемфорд Бриџ“

Поранешниот капитен Џон Тери вети дека ќе помогне да се финансира креирање на огромен банер со ликот на Роман Абрамович, уште еднаш велејќи дека рускиот милијардер е најдобриот газда на светот, и покрај тоа што Велика Британија тој беше санкциониран и демонизиран по руската инвазија на Украина.

Откако еден фан на Челси на Твитер напиша дека собира 3.200 фунти за огромен банер со благодарност за сите работи кои Абрамович ги направи за Челси, Тери, кој беше играч на Челси од 1998 до 2017 веднаш одговори.

„Јас сум тука! Најдобриот газда!“, напиша 41-годишниот Тери, кој одигра 717 мечеви за Челси.

 

Џон Тери за заминувањето на Абрамович од Челси: Ти благодарам Роман, најдобар сопственик на светот

Scroll to Top