Top Sport

Кин се враќа во Јувентус – Евертон имаат само еден услов

Талентираниот напаѓач, Мојзе Кин, во летниот преоден рок би можел да се врати во Јувентус. Челниците на „страта дама“, стапиле во контакт со колегите од Евертон. Кин, сезонава, како позајмен играч од Евертон го носи дресот на ПСЖ.

„Газета дело Спорт“, тврди дека Јувентус имале сериозна намера да го вратат во клубот напаѓачот, кој пред две години за 30 милиони евра замина во Евертон.

Наводно, Јувентус, биле подготвени на Евертон да им понудат одредена сума на пари и еден играч (Арон Рамзи, Адријен Рабио, Федерико Бернанрдески). „Газета дело Спорт“, тврди дека менаџерот на „карамелите“, Карло Анчелоти, сакал размена Мојзе Кин за Мерих Демирал.

Кин и Демирал на фудбалскиот пазар се проценуваат на околу 50 милиони евра.

Мојзе Кин од почетокот на сезоната настапил на 33 наторевари за ПСЖ, постигнал 16 голови. Неговиот договор со Евертон истекува во јуни 2024 година.

Scroll to Top