Top Sport

Кин: Со Погба во топ-форма, Јунајтед можат до титула

Пол Погба може да ги предводи Манчестер јунајтед до борба за титули ако додаде постојаност на својата игра, вели поранешниот капитен на тимот, Рој Кин.

Погба е „продукт“ на младинската академија на „Олд Трафорд“, но замина во Јувентус во 2012, за четири години подоцна „ѓаволите“ да платат 100 милиони евра да го вратат во Манчестер. Оттогаш тој има 31 гол и 32 асистенции во 150 настапи за Јунајтед и го освои трофејот од Лига Европа и Лига купот, но беше критикуван поради посветеноста на клубот и шпекулациите го поврзуваа со Реал Мадрид.

Повредата ги влоши работите оваа сезона, но тој се врати посилен при рестартот на англискиот фудбал и Кин сака да го види Французинот како го остварува својот потенцијал.

„Секако, Погба има многу критичари бидејќи има огромен талент. Ако не придонесуваше секоја недела, тогаш ќе те зборуваат, но секогаш сум велел дека тоа е еден вид на комплимент. Оваа сезона тој беше повреден и тоа беше проблем. Ако некој има тешкотии, не значи дека не го дава максимумот. Ако Погба почне да победува за Јуанјтед секоја недела, сè ќе биде заборавено. Ако успее да стане постојан, тогаш Јунајтед ќе се борат за титули. Има време за него. За мене тој секогаш бил талентирано момче“, вели Кин за „Индепендент“.

Scroll to Top