Top Sport

Кем Њутон ќе биде наследник на Брејди во Њу Ингланд

Поранешниот МВП на НФЛ лигата, Кем Њутон се договорил за едногодишен договор со Њу Ингланд патриотс, каде што треба да го замени „незаменливиот“ Том Брејди, објавува „ЕСПН“.

Квотербекот Брејди, кој беше симбол на клубот две децении, замина во Темпа Беј буканирс како слободен агент, а бидејќи Њу Ингланд не избраа квотербек на драфтот во април, во тимот го имаат само ветеранот Брајан Хојер и Џарет Стидем, кој беше избор во четвртата рунда на драфтот во 2019.

Каролина пантерс го ослободи Њутон од договорот на 24 март по девет години во клубот, откако беше прв пик на драфтот во 2011 година и потпишаа договор со Теди Бриџвотер. Њутон беше на операција на стапалото во март, но би требало да биде подготвен за стартот на новата сезона.

Тој се согласил на краткорочен договор со Патриотс, но со голем број на лесно достижни бонуси.

Scroll to Top