Top Sport

Кина го „избриша“ Месут Озил поради политичките коментари

Името „Месут Озил“ е избришано од сите кинески интернет-пребарувачи, откако фудбалерот на Арсенал реши да проговори за третманот на Ујгурите во оваа земја. Озил остро ја осуди Кина за третманот на муслиманската заедница во покраината Кјинџијанг и изјави дека сите муслимани на светот треба да обрнат внимание на тоа.

Поради ова, преносот од мечот Арсенал-Манчестер сити беше повлечен од кинескиот канал ЦЦТВ, а организацијата на фанови на Озил, „М10“, која брои над 30.000 луѓе била официјално затворена. Сите страници на кинеските социјални мрежи Веибо и Доујин исто така се избришани. Покрај ова, интернет-пребарувачот Баиду, исто така не дава резултати кога го барате името на германскиот фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

#HayırlıCumalarDoğuTürkistan ??

A post shared by Mesut Özil (@m10_official) on

„Источен Туркистан, раната која е отворена и се опира на силите кои сакаат да ја одвојат од нивната религија. Го горат Коранот, ги затвораат џамиите, ги забрануваат школите и ги убиваат светите луѓе. Мажите се приморани да одат во кампови, а нивните фамилии мораат да живеат со кинески мажи. Жените се приморани да се земаат со Кинези. Но, муслиманите се тивки. Не прават бучава. Ги напуштаат. Нели знаат дека давањето дозвола на прогон е вршење прогон?“, напиша Озил на социјалните мрежи.

Дека работата е сериозна, потврди и соопштението на Арсенал, кои се дистанцираа од ставовите на Озил.

„Околу коментарите на Месут Озил на социјалните мрежи, Арсенал мора да даде јасно соопштение. Соддржината која ја објави Озил е негово лично мислење. Како фудбалски клуб, Арсенал секогаш се придржувал со принципот за немешање во политиката“, се вели во соопштението на Арсенал.

Scroll to Top