Top Sport

Кина му нуди богатство на Сампаоли

Кинезите подготвувале финансиска понуда која познатиот тренер Хорге Сампаоли нема да можел да ја одбие. Фудбалскиот сојуз на Кина го токми Аргентинецот за наследник на Марчело Липи, на кого наскоро му истекува договорот, а славниот Италијанец рекол дека сака да се врати во Европа.

Според медиумите Сампаоли имал најголеми шанси да го наследи Липи. Кинезите за аргентинскиот тренер подготвиле две годишен договор „тежок“ 34 милиони долари.

Доколку ја прифати понудата единствена цел на Самполи ќе биде пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Сампаоли е без работа од Светското првенство, кога со Аргентина не успеа да стигне подалеку од осмина-финалето. Лошата игра на Аргентина на терените во Русија, беше испратена и со неколку скандали надвор од нив.

Најдобриот период во кариерата на Сампаоли е со репрезентацијата на чиле со која два пати победи во Копа Америка. Тој бил тренер и на Универзидад де Чиле, со кого го освои Копа Судамерикана, а пред да стане аргентински селектор ја предводеше Севилја.

Кина само еднаш во својата историја учествувала на СП, во 2002 година.

Scroll to Top