Кинескиот клуб Гуангжу Евергранде го отпуши својот фудбалер, 33-годишниот Ју Ханчао, кој беше фатен на камера како се обидува да ја смени својата регистерска табличка на автомобилот за да ги избегне рестрикциите на движење.
Ханчао беше приведен од полицијата во Гуангжу и клубот потврди дека тој е отпуштен, додавајќи дека секој кој ќе ги прекрши законот ќе добие отказ.
„Фудбалерот Ју Ханчао сериозно ги прекрши дисциплинските правила на клубот и затоа беше отпуштен“, се вели во соопштението.
Видео-снимката го покажува фудбалерот како се обидува знакот E да го смени во F за да избегне ограничувања на движење на автомобилите со одредени таблички. Тој ќе добие или 15-дневна казна затвор и казна од 5.000 јуани (околу 600 евра). Ханчао е во Евергранде од 2014 година, а има и 59 настапи за репрезентацијата на Кина.
China international Yu Hanchao has been sacked by Guangzhou Evergrande for altering his license plate ?
The 59-cap winger was filmed trying to change an E to an F on his car, possibly to avoid local traffic restrictions ?
?♂️ pic.twitter.com/3gkYGWP5ue
— Goal (@goal) April 14, 2020