Top Sport

Кинеските фанови еуфорично го пречекаа Меси

Лионел Меси заедно со соиграчите од аргентинската репрезентација пристигна во Пекинг каде на 15 јуни ќе одиграат пријателски натпревар против Австралија.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, во средата потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами.

Неговото доаѓање во Кина беше објавено преку објава на социјалната мрежа Веибо, а стотици кинески фанови со нетрпение го очекуваа доаѓањето на легендарниот ас и актуелните светски шампиони.

Ова е седмо гостување во Кина и прво по 2017 година за капитенот на Аргентина, со која во декември во Катар ја освои титулата светски првак.

Последен пат Австралија и Аргентина играа во Катар на Мундијалот, во осминафиналето, а Меси беше стрелец во победата на својот тим од 2:1.

Scroll to Top