Top Sport

Кинезот од Еспањол испиша историја во Примера (Видео)

Саботната програма во рамките на 26 коло во Примера ја отворија фудбалерите на Еспањол и Валјадолид. Еспањол ја искористија предноста на домашниот терен со победата 3:1.

Еспањол ја забележаа деветтата победа, а Валјадолид 12 пораз во првенството на Шпанија.

Најдобриот стрелец на Еспањол, Борха Иглесијас, го постигна најбрзиот гол оваа сеозна во Примера. Напаѓаот на Еспањол погоди по само 18 секунди игра. Валјадолид израмнија по 17 минути игра преку Рубен Алкараз.

foto: epa

Во финишот на првиот дел гостите имаа идеална можност да направат пресврт, меѓутоа Серхио Гвардиола не успеа да реализира пенал.

Во вториот дел надмоќта на теренот играчите на Еспањол ја крунисаа со два гола. Марио Ермосо во 56 минута зголеми на 2.1, а во 65 минута Ву Леи го постави конечниот резултат.

Ву, во саботата, испиша историја, бидејќи е првиот Кинез што постигнал гол во Примера.

Scroll to Top