Top Sport

ПСЖ нудат богатство за Циндриќ

Лука Циндриќ, поранешниот играч на Вардар на пат е да ги сруши сите рекорди во ракометот. За играчот на Кјелце, најбогатиот клуб во светот Пари Сен Жермен, понудиле четири милиони евра.

Интерес за Циндриќ, кој оваа сезона се мачи со повредите, покажа најпрвин Барселона, меѓутоа Кјелце ја одбија понудата. Сепак, како стојат работите Полјаците нема да ја одбијат сумата што ја нудат од Париз.

Доколку трансферот биде реализиран тогаш поранешниот играч на Металург и Вардар ќе стане најскапиот играч во светот, односно ќе ја надмине сумата од два милиони евра што токму Пари Сен Жермени и ја платија во 2015 година за Никола Карабатиќ.

На клупата на Пари Сен Жермен седи поранешниот тренер на Циндриќ во Вардар, Раул Гонзалес.

Scroll to Top