Тренерот на Интер, Кристијан Киву, немаше причина да биде задоволен по поразот во Норвешка во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Боде/Глимт го надигра познатиот италијански клуб и заслужено победи со 3:1.
Освен поразот, проблем за „нероаѕурите“ е повредата на капитенот Лаутаро Мартинез.
„Останавме без него на неодреден период. Тоа значи дека Лаутаро е повреден и тоа е доста сериозно“, неволно изјави Кристијан Киву на прес-конференцијата.
Тренерот на Интер го нагласи проблемот со вештачката трева, но не бара алиби.
„Факт е дека нивните играчи се навикнати на таков терен, но тоа не е изговор. Знаевме дека можат да ни предизвикаат големи проблеми и за жал тоа се случи. Сега следува реваншот. Ќе се обидеме да одиме во следната рунда на Сан Сиро.“
Реваншот е во вторник, 24 февруари во Милано.
Foto/ depositphotos
