Ветеранот Пепе, беше вистински командант на португалската одбрана во дуелот со Македонија, на „Драгао“ во Порто. Португалците со победата од 2:0 изборија пласман на Светското првенство во Катар.
Пепе, го пропушти полу-финалниот бараж против Турција, поради позитивен ковид-тест.
„Многу патев изминатите денови. Ми беше многу тешко што не можев да играм против Турција. Сепак среќен сум што играв вечерва и што дадов придонес за нашиот пласма на СП“, рекол 39-годишниот фудбалер и дополнил.
„Го заслуживме овој успех. Имаше многу позитивна енергија во тренинг-кампот. Немаше да биде праведно доколку не се пласиравме на СП, Португалија поседува голем квалитет“.