Top Sport

Ќе биде интересно враќањето во Париз! Меси пее: Франција е мртва!

Прославта на светската титула на Аргентина, очигледно, продолжува, откако по враќањето во акција на пријателскиот меч со Панама, повторно се пееше „Франција е мртва“, овојпат и од ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Лео Меси.

Меси на мечот со Панама стигна до својот 800. гол во кариерата, по што се приклучи на прославата со песна со која се потсмеваат со Франција и со вечните ривали, Бразил.

„Минута молк за Франција, тие се мртви“, се пееше во Буенос Аирес.

Ќе биде интересна реакцијата на француските медиуми.

Scroll to Top