Top Sport

Ќе биде одложен и мечот Тотенхем-Палас, „Боксинг деј“ со само пет меча?

Британските медиуми тврдат дека мечот помеѓу лондонските ривали Кристал палас и Тотенхем ќе биде откажан поради повеќе позитивни случаи во тимот на Патрик Виеира, што значи дека на популарниот „Боксинг деј“ на 26 декември ќе има само пет од закажаните девет меча во Премиерлигата.

Фудбалерите на Кристал палас по поминувањето на Божиќ со своите семејства биле заедно во хотел во Лондон, пред тестовите да покажат проблеми со КОВИД и сега се чека само одобрување на Премиерлигата за мечот да биде презакажан во 2022.

Претходно беа откажани мечевите Ливерпул-Лидс, Вулверхемптон-Вотфорд, па и Барнли-Евертон вчера, откако „карамелите“ имаа премалку фудбалери поради позитивни тестови.

Scroll to Top