Top Sport

Историјата против Њукасл, Хоув верува дека има време за опстанок

Њукасл јунајтед станаа „најбогатиот“ клуб на светот по преземањето од саудискиот државен фонд, но им се заканува испаѓање од Премиерлигата по катастрофалниот старт на сезоната, по што би можеле да станат најбогатиот второлигаш во историјата. Менаџерот Еди Хоув вели дека има време за пресврт, иако историјата е против нив.

Пред тешкиот празничен меч утре против Манчестер јуајтед и потоа гостувањето кај Евертон во четврток, Хоув вели дека опстанокот е можен.

„Да, дефинитивно имаме доволно квалитетни играчи за да опстанеме. Има доволно време, има доволно талент во тимот. Но, исто така свесни сме дека времето е против нас и дека не треба да ги пропуштаме нашите шанси“, вели Хоув.

Тој исто така не е обесхрабрен од лошиот старт на тренерската кариера во Њукасл – една победа во првите седум меча.

„Тешките моменти и предизвици ја засилуваат вашата посветеност да бидете успешни. Знаев дека нема да биде лесно и свесен сум каков притисок носи работата, така што работам низ тешка ситуација за да помогнам на клубот“, вели Хоув.

Scroll to Top