Top Sport

Ќе добие отказ, дозволил Де Јонг да замине во Барселона

Спортскиот дирекот на Пари Сен Жермен, Антеро Енрике, веројатно ќе добие отказ, бидејќи не успеал да го реализира трансферот на Френки де Јонг.

Талентираниот Холанѓанец најчесто се поврзуваше со Пари Сен Жермен, клубот сакаѓе да плати 75 милиони евра, меѓутоа по само еден состанок со луѓето од Барселона, Де Јонг се решил наместо на „Паркот на принцовите“ од наредното лето да игра на „Ноу Камп“.

Неуспешниот трансфер на Де Јонг само ја „прелил чашата“, објави ЕСПН. Првиот човек на ПСЖ, Насер Ел-Калифи бил незадоволен од работата на Енрике откако тој не успеал да издејствува Адријан рабио да го продолжи договорот, а исто така дозволил Милан „пред носот“ да му го земе Бразилецот Лукас Пакета.

ЕСПН најави дека Арсен Венгер ќе биде новиот спортиски директор на ПСЖ.

Scroll to Top