Top Sport

Емери: Нормално е што Мурињо доби отказ, Јунајтед сега се опасен тим

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Унаи Емери, во пресрет на пресметката со Манчестер Јунајтед во ФА купот, рекол дека „црвените ѓаволи“ се нова екипа откако Оле Гунар Солскјер ја презел функцијата од Жозе Мурињо.

„Нормално е што Мурињо доби отказ. Не бев изненаден, бидејќи тимот има одлични фудбалери, а загуби премногу поени“, констатирал Шпанецот и дополнил.

„Во овој момент Јунајтед се многу опасни и се наоѓаат во добра форма. Ова е поинаков тим, тим што игра со многу самодоверба. Морам да ги изберам најдобрите 11, бидејќи ќе мора да го дадеме максимумот со Манчестер Јунајтед“.

Арсенал ќе ги пречека Манчестер Јунајтед во четвртото коло, во ФА купот. Дуелот на „Емирејтс“ се игра вечерва со почеток во 20:55 часот.

Scroll to Top