Челси го победи Манчестер Јунајтед со 3-1 во полуфиналето на англискиот ФА куп.
Предмалку играчите предводени од Френк Лампард славеа заслужен триумф и закажаа финален двобој со лондонски Арсенал.
Мечот на „Вембли“ помина во комплетна доминација на „сините“. Упатија двојно повеќе удари кон голот, а и нападите им беа поконкретни, а им помогна и несигурноста на голманот Де Хеа.
Резултатот го отвори Жиру со погодокот во последните секунди од првото полувреме.
Во вториот дел, веднаш штом започнаа од центарот, „сините“ веќе стигнаа до притојни 0-2. Стрелец Маунт.
Јунајтед се обиде да стори нешто пред противничкиот гол, Солскјер се обиде со замени да внесе свежина во нападот, но Мегвајр ја запечати судбината на „ѓаволите“. Си постигна автогол во 74 мимута со што сите надежи за пласман во финалето пропаднаа.
Единсвено што играчите на Манчестер успеаја да сторат до крајот на мечот беше да го намалат водството на противникот на 1-3. Стрелец, Фернандеш од белата точка.
Финалето на ФА купот е закажано за 1 август на истиот стадион.