Додека во Европа проектот на Суперлигата беше прогласен за „мртов“ неколку дена по објавувањето во април, во Африка веќе се подготвуваат да формираат Суперлига под водство на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ).
Претседателот на ЦАФ, Патрис Мотсепе потврди дека Африканската Суперлига, идеја предложена од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е потребниот чекор напред за богато натпреварување во Африка.
„Веќе сме во преговори за формирање на инклузивна и широка Суперлига која ќе биде под водство на ЦАФ. Го следиме примерот на дел од европските клубови за формирање на Суперлигата и нивниот неуспех и искуство“, вели Мотсепе.
Инфантино уште во 2019 предложи формирање на Суперлига во Африка со 20 постојани членови плус други кои би се квалификувале, проект што би донел околу 3 милијарди долари во петгодишниот циклус.